Замина во пензија пред три години, стана мајка, а сега одлучи да му се врати на тенисот

Поранешната прва тенисерка на ВТА ранг-листата, Каролина Вознијацки, по три и пол години поминати во пензија, одлучи да му се врати на тенисот.

Вознијацки во кариерата има освоено 30 титули, од кои една е гренслем и тоа од Отвореното првенство на Австралија во 2018 година, а помина и 71 недела на првото место на ранг-листата на ВТА.

„Во последните три години кога бев надвор од тенисот, го надоместив загубеното време со семејството. Станав мајка и сега имам две преубави деца и сум благодарна за тоа. Сепак, и понатаму имам цели кои сакам да ги остварам. Сакам да им покажам на моите деца дека можат да ги бркаат своите соништа и покрај годините и улогата во која се наоѓам. Како семејство одлучивме дека е сега е време повторно да се вратам на тенисот“, напиша Вознијацки на социјалните мрежи.

Нејзиниот прв повратнички меч во тенисот би требало да биде во август, а нејзина цел е да обезбеди настап на првиот гренслем-турнир идната година, Отвореното првенство на Австралија.

- Оглас -

Најнови вести