Ињиго Мартинез е пред финализација на потпишувањето со саудиски Ал-Наср неговиот дрес во Барселона со бројот 5 веќе го доби Пау Кубарси, а со оглед на тоа дека имаше плата од 14 милиони евра по сезона, се веруваше дека Каталонците ќе може да ги регистрираат сите играчи кои ги купија.
Но, тоа нема да биде доволно. Барем не за регистрација на голманот Жоан Гарсија и напаѓачот Маркус Рашфорд кој дојде на позајмица од Манчестер јунајтед.
Барселона и понатаму не е во правилото 1:1 и не може да ги искористи 14-те милиони евра што ги ослободи Ињиго. Тие можат да искористат само половина од таа сума, а тоа не е доволно за да ги покријат двете главни засилувања.
Доволно е за платата на Гарсија, но не и за 25-те милиони евра платени на Еспањол како отштета. Во случајот на Рашфорд проблем е високата плата на англискиот играч од 18 милиони бруто по сезона.
Постојат две опции за регистрација на играчите: или продажба на ВИП ложите на „Камп Ноу“ или ако кај Марк Андре Тер Штеген медицинскиот извештај до Ла Лига и медицинскиот комитет се согласат дека тој ќе биде надвор од терените повеќе од четири месеци, клубот ќе може автоматски да го регистрира Жоан Гарсија. Во овој случај, би се искористиле 80% од платата на Германецот, што би создало доволно простор за маневрирање.
Со расположивиот простор создаден од Ињиго Мартинез, би можеле да бидат регистрирани играчи како Бардџи и Жерар Мартин, но за приоритети се Жоан Гарсија и Рашфорд.