Заминувањето на Коку нема да биде добра вест за Елмас

Турските медиуми најавуваат дека е можно Филип Коку да замине од функцијата тренер на Фенербахче, а доколку тоа се случи, нема да биде добра вест за македонскиот фудбалер Елиф Елмас, кој го носи жолто-синиот дрес на истанбулскиот гигант.

Холанѓанецот има целосна доверба во квалитетите на нашиот талент, му дава шанса да игра редовно во првиот тим, а Елиф се оддолжува како викендов, кога му донесе триумф на гостувањето кај Коњаспор.

Но, резултатите на Фенер се далеку под очекувањата. Во турската лига, која им е приоритет во клубот, Фенербахче има само 6 бода од можни 15 и веќе заостанува шест бода зад лидерот и ривал Галатасарај. Во Лигата на Европа стартуваа со пораз од Динамо Загреб од 1-4 и ова сериозно ја ниша тренерската фотелја на Коку.

Евентуално новиот тренер на Фенербахче веројатно ќе биде Турчин, па прашање е дали тој ќе има толку голема доверба во Елиф или почесто ќе го остава на клупата, што нема да биде добро за развојот на нашиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести