Тренерот на Галатасарај, Окан Бурук, по мечот со Олимпија од квалификациите во ЛШ, потврди дека Италијанецот Николо Ѕаниоло ќе си оди од турскиот првак.
Информациите се дека Ѕаниоло денеска треба да замине на лекарски прегледи во Бирмингам, по што ќе потпише со премиерлигашот Астон вила, каде што ќе игра како позајмен, со опција за откупување на договорот по завршувањето на сезонава.
„Тој сака да игра во Премиер лигата и ние ја почитуваме неговата желба. Во интерес на клубот е да го пуштиме. На негова позиција го имаме Тете, а ќе донесеме и уште едно засилување“, рече Окан Бурук.
Ѕаниоло во Галата дојде во јануари од Рома и одигра само десет меча, на кои постигна пет гола.