23.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Западот слави Божик, сите мечеви од квотите на денот се играат источно од Македонија (Фото)

Sport Life за денешните квоти на денот направи избор од пет натпревари, а за игрите кои се предложени, вкупната квота изнесува 36.78. Три од предложните мечеви се играат во Турција, а по еден во Иран и Израел.

Прв е дуелот на Персеполис и Пајкан од иранската лига. Мечот почнува во 13 часот, а големиот Персеполис е фаворит, затоа и предлогот е да се одигра кец и 2-4 гола. Оваа комбинација носи квота од 2.20.

Примамлива квота од 2.20 има и за вториот предлог, за победа на Бешикташ на гостувањето кај Газијантеп, со тоа што треба да падне барем еден гол во првото полувреме.

За средбата на Галатасарај и Истанбулспор, се предлага да одиграте дека домашните ќе дадат гол во прво полувреме, а три или повеќе на крајот на средбата. Галата со победа ќе се искачи на прво место на табелата во турската Суперлига.

Ако верувате во ефикасен меч на Самсунспор и Аданаспор со гол(ови) во првото полувреме и 3+ голови на крајот, тогаш тука искористете ја квотата од 1.90 за оваа игра.

Од Израел е дуелот на Бнеи Сахнин и Хапоел Тел Авив, а множите со 2 ако погодите дека на овој меч во двете полувремиња ќе има од еден до три гола.

- Оглас -

Најнови вести