19.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Започна најкратката лига во светот, фудбал се игра и до три часот наутро

Најкраткото фудбалско првенство во светот започна оваа недела во Гренланд, каде што осум екипи ќе се натпреваруваат за шампионската титула преку турнирски систем.

Максималниот број натпревари што еден тим може да ги одигра е пет, што го прави ова лигашко натпреварување најкратко во светот, а тимовите се поделени во две групи од по четири члена.

Во групната фаза се играат три натпревари, а потоа двете најдобри екипи од секоја група се пласираат во полуфиналето (еден натпревар), а потоа финалето го одлучува шампионот.

Сезоната во Гренланд трае од вторник до недела, а петок е слободен ден, но сепак нема недостаток на страст за фудбал во главниот град Нук.

„Фудбалот е религија овде. Оваа недела заедницата Нук ќе биде обединета на турнир на стадионот. Секој ќе го поддржува својот омилен тим, но, пред сè, обединети од фудбалот“, вели млад фудбалски навивач, витиран од шпанската „Марка“.

Интересно е дека во овој период од годината на Гренланд речиси постојано е ден, па натпревари може да се играат и многу по полноќ.

„Ако натпреварот е возбудлив, понекогаш би останале будни гледајќи до три часот наутро. Мораме да го искористиме тоа“, рече еден Гренландец, кој вели дека планот е да се искористат часовите дневна светлина што зимата ќе им ги украде. Во зима на Гренланд има едвај два часа сончево зрачење дневно.

Гренландската лига е целосно аматерска и верувале или не, играчите мора сами да си го платат патот до градот домаќин на турнирот оваа недела. Бидејќи секој лет чини повеќе од 1.000 евра, вкупната цена на патувањето на играчот се искачува на 2.000 евра.

„Секој лет чини повеќе од 1.000 евра, и не, нема попусти за локалното население“, вели Аккалу Олаф, играч на тимот Н-45.

„Толку плаќаме во најдобар случај, а исто така и затоа што оваа година лигата се одржува во главниот град и има добри врски. Минатата сезона лигата се играше во градот Кекертарсуак, што понекогаш значеше дека мораше да се комбинира лет со до три дена на фериботот што ве поврзува со тој град“, објаснува фудбалерот.

- Оглас -

Најнови вести