Започна новата ера: Дончиќ се појави како играч на Лејкерс кој победи во дербито на Лос Анџелес (Видео)

Неколку дена по сензационалната размена во која Лука Дончиќ стана играч на Лос Анџелес лејкерс, а Ентони Дејвис замина во Далас маверикс, словенечката НБА-суперѕвезда се појави на теренот како играч на новиот клуб. Дончиќ во дресот на Лос Анџелес е промовиран и тоа на мечот против градскиот ривал Лос Анџелес клиперс. Лејкерс иако беше во улога на аутсајдер, на крајот победи, и тоа убедливо со 122:97.

Дончиќ не играше поради повреда, но вирални беа сцените на кои на клупата на Лејкерс еден до друг како соиграчи седат Леброн Џејмс и Дончиќ.

Камерите го следеа секој потег на Дончиќ, а тој покажа дека најверојатно брзо ќе се вклопи во новата средина, иако беше шокиран од одлуката дека треба да си замине од Далас маверикс, клубот во којшто ја помина целата негова досегашна НБА-кариера. Дончиќ не ги штедеше дланките да аплаудира на секој добар потег на неговите нови соиграчи.

За разлика од Лејкерс, кој победи во градското дерби, сега веќе поранешниот тим на Дончиќ, Далас, загуби на гости кај Филаделфија со 118:116. Ова е трет пораз во низа за Далас.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска во НБА-лигата: Бруклин – Хјустон 99:97, Кливленд – Бостон 105:112, Торонто – Њујорк 115:121, Чикаго – Мајами 133:124, Портланд – Индијана 112:89.

 

- Оглас -

Најнови вести