Раководството и тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, најавија дека во наредните месеци ќе следува револуција во клубот, а таа започна уште денеска.
Шефовите на скаутската служба, Џим Лејвор и Марсел Бут, го напуштија клубот откако заедно двајцата имаа вкупен стаж од 24 години.
Лејвор работеше 16 години во клубот на позицијата шеф на скаутинг-мрежата, додека Бут по осумгодишна служба си замина како прв човек на глобалната скаутинг-мрежа на Манчестер.
Сето ова до некаде е резбирливо бидејќи пред некоја недела се откри дека скаутите на овој тим го известиле Ралф Рангник дека не го следат Кристофер Нкуку, којшто оваа сезона постигна 30 погодоци за РБ Лајпциг.