Започнаа преговорите за најбараниот фудбалер во Премиер лигата, Чеканите ја одбија првата понуда

Вест хем ја одби првата официјална понуда на Арсенал за трансфер на најбараниот англиски фудбалер во Премиер лигата, Деклан Рајс.

Англиските медиуми пишуваат дека Вест хем ја одбил понудата тешка 80 милиони фунти бидејќи очекуваат понуда од 100 милиони. Управата на Арсенал, според медиумите, намерно испратила помала понуда со цел да се обиде да се договори со Вест хем сумата да не дојде до 100 милиони.

Но, трката по потписот со Рајс може да се вжешти бидејќи и Манчестер сити е заинтересиран за фудбалерот на Вест хем затоа што во летниот преоден рок ќе остане без тројца играчи од средниот ред – Ријад Марез, Илкај Гундоган и Бернардо Силва.

- Оглас -

Најнови вести