Започнува ЕП до 21 година: Германија ја брани титулата, но Шпанија е најголем фаворит (Фото)

Најдобрите 16 репрезентации од Европа од денес, па сè до 8 јули ќе се натпреваруваат за трофејот од Европското првенство за фудбалери до 21 година кое се одржува во Романија и Грузија.

Првенството започнува денес, со четири натпревари, а на терен ќе истрчаат и фудбалерите на најголемиот фаворит за освојување на шампионатот, Шпанија. Тие за противник ќе го имаат еден од домаќините на Европското првенство, селекцијата на Романија. Сепак, и покрај тоа што ќе ги играат на гостински терен, репрезентативците на Шпанија се големи фаворити со квота од 1.30.

Денес својот прв натпревар ќе го одигра и финалистот од последното Европско, репрезентацијата на Португалија, која за противник ќе го има вториот домаќин, Грузија. Очекувано Португалците се големи фаворити со квота од 1.35 во понудата на Sport Life.

На останатите два натпревари ќе играат Белгија – Холандија и Украина – Хрватска.

Холандија и Хрватска се благи фаворити, но на овие дуели се очекува многу поголема неизвесност за разлика од натпреварите на фаворизираните Шпанија и Португалија.

Титулата ја брани репрезентацијата на Германија, која пред две години во финалето ја совлада Португалија со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести