Започнува фудбалска „војна“, Суперлигата на суд ја доби битката со УЕФА и ФИФА

Спортската развојна компанија А22 „Спортс менаџмент“, која е главниот двигател за формирање на фудбалската Суперлига, ја доби жалбата пред шпанскиот суд, кој со денешната пресуда застана во заштита на клубовите кои го формираа ова ново натпреварување и УЕФА и ФИФА нема да смее да ги казнува.

Судот одлучил дека УЕФА и ФИФА го користеле своето „дискреционо право за создавање монопол врз кое било независно професионално фудбалско натпреварување“.

Суперлигата се промовираше пред две години, а идејата е формирање на затворена лига каде што ќе се натпреваруваат најсилните и најбогати клубови во Европа. Европските гиганти Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се единствените три клуба кои останаа за оваа идеја откако првично шесте клубови од Англија се откажаа од оваа идеја.

Со најновата пресуда од шпанскиот суд, Суперлигата добива нов „ветер во грб“ дека во блиска иднина може да се формира натпреварување кое ќе го превеме приматот на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести