Започнува младинското кошаркарско ЕП: Македонија отвора против топ-фаворитот Шпанија (Фото)

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години вечерва го започнува настапот на Европското првенство – А дивизија во полскиот град Гдиња. Нашите млади кошаркари се во тешка група со селекциите на Шпанија, Турција и Белгија.

Токму топ-фаворитот Шпанија е прв противник за избраниците на селекторот, Боро Смилковски, на Европското првенство во Гдиња. Противникот е апсолутен фаворит, но квотата за изненадување на Македонија во Sport Life е фантастична – неверојатни 41.00.

„Успешно затворивме мини-циклус на подготовки во кој одигравме и шест пријателски натпревари. Задоволни сме од сработеното, играчите максимално посветени ги одработија овие подготовки и како стручен штаб сме навистина сме благодарни за нивната доверба во нашата работа. Проблемите со повреди полека ги надминавме, со исклучок на повредата на нашиот Метин Саити, играч чија енергија навистина ќе ни недостасува, како на теренот, така и во соблекувалната. Неговото место ќе го пополни талентираниот Марко Луканоски, а конечниот список на патници го утврдивме буквално пред заминувањето за Полска. Наша констатација е дека физички и техничко-тактички сме спремни за турнирот.“ – вели селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Боро Смилковски.

На Европското првенство за младинци во Полска денес се играат вкупно осум средби, а сите може да ги најдете во богатата понуда на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести