Започнува новото коло на Спортска прогноза, нов предизвик да се погоди Тринаесетка и да се освојат убави награди

Денеска почнува типувањето за новото, 22 коло на Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија. Во претходното коло никој не доби вредносен ваучер од Sport Life, но имаше три десетки.

Стандардно, викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните пет лиги во Европа што се играат в сабота и недела, а предизвик за сите ќе биде да се погодат сите 13 фикса, како и двете резервни двојки.

Во сабота се играат седум натпревари, додека во недела шест, а колото започнува со дуелот од Серија А меѓу Емполи и Удинезе од 15 часот.

Во саботните пресметки возбудливо се очекува да биде во дуелот од Серија А меѓу Болоња и Лацио, како и на премиерлигашките пресметки Евертон – Брентфорд и Лидс – Брајтон во кое домаќините се борат за опстанок, а гостите за пласман во европските купови. В сабота ќе настапи и голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски кој со неговиот Рајо Валјекано и гостуваат на Селта. Последните два саботни дуели се тие меѓу Херта – Мајнц и Елче – Валјадолид.

Во недела има уште шест натпревари и сите се исклучително интересни. Во Премиер лигата, Вест Хем ја пречекува Астон Вила, во Бундеслигата дербито ќе се игра меѓу Волфсбург и Унион Берлин. Возбудливи ќе бидат и дуелите Лече – Торино, Мајорка – Реал Сосиедад, Ајачио – Монпелје и Верона – Монца.

Тука се и двата резервни пара Нант – Ница и Атлетик Билбао – Барселона, кои се бројат во генералниот пласман, а може да влетаат и во основната 13-ка ако некој меч од тие биде одложен.

Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi Електричен тротинет и

X Box Series X.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, а им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, и за тие со две утки, а се добива ваучер од 500 денари.
Прифатете го предизвикот и прогнозирајте за да бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

 

- Оглас -

Најнови вести