Започнува новото коло на Спортска прогноза, нов предизвик да се погоди Тринаесетка и да се освојат убави награди

Денеска почнува типувањето за новото, 16-то коло на Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Стандардно, викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните лиги во Европа кои се играат в сабота и недела, а предизвик за сите ќе биде да се погодат сите 13 фикса, како и двете резервни двојки.

Во сабота се играат шест натпревари, додека во недела седум, а колото започнува со дуелот од Серија А меѓу Емполи и Торино од 15 часот.

Во саботните пресметки возбудливо се очекува да биде во берлинското градско дерби меѓу Херта и Унион Берлин, како и на дербито во Франција меѓу Олимпик Марсеј и Монако.

Во недела има уште седум натпревари и сите се исклучителнио интересни, а најголемо внимание предизвикува дуелот на Брајтон и на Ливерпул во ФА купот.

Во Бундеслигата дербито ќе се игра во Леверкузен, каде што Баер ја пречекува Борусија Дортмунд. Во Италија, Лацио игра против Фиорентина, додека во француската Лига 1 се очекува возбудлив натпревар меѓу Ница и Лил.

Тука се и двата резервни пара Селта – Атлетик Билбао и Наполи – Рома, кои се бројат во генералниот пласман, а може да влетаат и во основната 13-ка ако некој меч од тие биде одложен.

Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi Електричен тротинет и

X Box Series X.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, а им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, и за тие со две утки, а се добива ваучер од 500 денари.

Колото ќе биде отворено за прогнозирање од денеска од 14 часот, па сè до сабота до 15 часот и почетокот на мечот меѓу Емполи и Торино.

 

 

- Оглас -

Најнови вести