Започнува новото натпреварување на УЕФА: Македонија со Наташа Андонова во составот ја пречекува Бугарија (Фото)

Денес и официјално започнува новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации за женските фудбалски репрезентации. Системот на натпреварување е ист како и кај машките, репрезентациите се поделени во три дивизии според квалитет.

Македонија е во последната квалитативна лига и се најде во единствената група со три репрезентации, каде што покрај нас, се и селекциите на Бугарија и Косово.

Новото натпреварување на УЕФА го отвораме денес со дуел против Бугарија на тренинг-центарот на ФФМ во 15 часот. Селекторот на Македонија, Кирил Изов, за овој натпревар ќе ја има и нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова, но сепак, според квотите во Sport Life, Бугарките се во мала предност.

Сепак, патриотски одиграно на победа на Македонија ви носи одлична квота од 3.30.

Освен натпреварот помеѓу Македонија и Бугарија, денес ширум Европа се играат уште многу натпревари од женската Лига на нации, а сите може да ги најдете во понудата на Sport Life.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести