Вкупно 12 репрезентации, поделени во три групи од по четири екипи, денес ја почнуваат последната битка за пласман на Европското првенство во Германија. Шесте полуфинални натпревари ќе ги дадат екипите кои ќе играат за директен пласман на континенталниот собир, кој летово ќе се одржи во Германија.
Според квотите во Sport Life, само на два натпревари има изразити фаворити, додека на останатите се очекува голема неизвесност. Најголем фаворит е репрезентацијата на Полска, која на домашен терен ја пречекува Естонија, најдобрата селекција од најслабата дивизија на Лигата на нациите. Вториот голем фаворит е Грција, која за противник ќе го има Казахстан на домашен терен, една од селекциите која беше блиску до сензација и пласман преку регуларните квалификации на Европското првенство.
Голема неизвесност се очекува на натпреварите помеѓу Босна и Херцеговина и Украина, како и на оној помеѓу Израел и Исланд, кој ќе се одигра на неутрален терен.