Започнува последното коло од Спортската прогноза за оваа сезона: 13 предизвици за одлични подароци

Типувањето за последното, 31-во, коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза веќе е отворено. Вкупно 13 натпревари се предизвик за типувачите, но и последна можност да се освојат богати подароци оваа сезона.

Вашите типови ќе може да ги пополните сè до сабота во 15:30 часот, кога започнуваат четирите дуели од германската Бундеслига, кои се дел од предложените натпревари во Спортската прогноза.

Помеѓу 13-те понудени натпревари, по четири се од германската Бундеслига и италијанската Серија А, три од шпанската Ла Лига и два од англиската Премиер лига. Ќе има многу комбинации за опстанок и излез во фудбалска Европа, но фудбалски најголемото внимание го привлекува мечот помеѓу Интер и Лацио, кој на програмата е во недела во 18 часот.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Финишира и трката во генералниот пласман, а за генералниот пласман се бројат и двата резервни пара, на кои исто така задолжително треба да типувате.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести