Продажбата на билетите за двата домашни натпревари на фудбалската репрезентација на Македонија против Летонија и Фарските острови започнува во понеделник. Фудбалската федерација на Македонија одреди симболични цени за двата натпревари на кои се очекува полн стадион и славје за првото место во групата и пласманот во дивизијата Б на Лигата на нации.
Билетите за Јужната и Северната трибина ќе бидат по цена од 400 денари, додека за Источната и Западната по 200 денари. Билетите ќе се продаваат преку продажната мрежа на МКтикетс.
Натпреварот против Летонија се игра на 14-ти ноември во 20:45 часот, додека дуелот против Фарските острови на програмата е на 17-ти овој месец со почеток во 15 часот.