Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, денес го започнува настапот во Лигата на шампионите со тешко гостување во Париз, кај ПСЖ. Јасно е кој е фаворитот во овој дуел. Тоа го кажуваат и квотите во Sport Life, каде што ПСЖ е апсолутен фаворит со квота од 1.02, додека сензационална победа на битолчани носи квота од 16, а нерешениот резултат е со коефициент 18.
Еурофарм Пелистер минатата сезона ги загуби сите 14 натпревари, па целта на битолчани оваа сезона е да освојат барем некој бод. Освен Еурофарм Пелистер и ПСЖ, во групата „А“ се уште и екипите на Фредериција, Фихсе Берлин, Спортинг Лисабон, Веспрем, Висла Плоцк и Динамо Букурешт.
Денес ќе се одиграат вкупно четири натпревари од воведното коло на ракометната Лига на шампиони, а сите може да ги најдете во богата понуда на Sport Life.
Дел од понудата на Sport Life се и ракометарите за една од најпопуларните игри, „плус-минус“ на голови.