Започнува ракометното лудило во Германија и Данска

Светското ракометно првенство во Германија и Данска започнува денеска и ќе трае до 27-ми јануари. Берлин, Хамбург, Минхен и Келн се германските градови кои ќе бидат домаќини, додека во Данска Мундијалот ќе се игра во Копенхаген и Хернинг. Ова е 26-ти планетарен собир на најдобрите ракометари во светот.

Иако турнирот уште не е започнат, ова се очекува да биде рекордно посетен планетарен собир. Досега се продадени повеќе од 500.000 влезници, а во текот на планетарниот собир се очекува да биде поставен и рекордот, кој е во сопственост на Германија од Мундијалот во 2007 година. Тогаш вкупно на трибините имаше 750.000 гледачи, а за овој турнир се очекува таа бројка да достигне и до 800.000 посетители.

Првиот меч на првенството е дуелот меѓу Германија и Кореја, а берлинската „Мерцедес-Бенц арена“ е распродадена и ќе има 14.800 гледачи. Вториот домаќин на турнирот, Данска, е апсолутен фаворит против Чиле.

 

 

- Оглас -

Најнови вести