Пет натпревари со квоти помеѓу 2.05 и 2.20 се дел од понудата со Квотите на денот на Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 41.8, а два од натпреварите се од шпанската Ла Лига, додека преостанатите три од европските фудбалски купови.
Атлетик Билбао е фаворит против Хетафе, па доколку победи, но и ако има барем еден гол во првото полувреме, понудената квота од 2.10 ќе биде добитна.
Квотата од 2.20 за натпреварот помеѓу Ајакс и Панатинаикос ќе биде добитна само ако домашните не загубат, но и ако се затресат двете мрежи.
Ефикасен фудбал се очекува од екипата на Гент во дуелот против данскиот Силкеборг. Квотата од 2.10 ќе биде добитна само ако домашните постигнат барем еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар.
Голови се очекуваат и во Сплит, на натпреварот помеѓу Хајдук и Ружомберок. Квотата од 2.10 ќе биде добитна само ако во првото полувреме има барем еден гол и најмалку три на целиот натпревар.
Помеѓу еден и три гола во првото и во второто полувреме се потребни на натпреварот помеѓу Бетис и Жирона за да биде добитна понудената квота од 2.05 за овој натпревар.