Денеска и утре во „Ланксес арена“ во Келн ќе се одржи завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони. Во Келн се најдоа четирите најдобри екипи од изминатата сезона, Барселона, Магдебург, Киелце и ПСЖ.
Бранител на трофејот е Барселона која во првото полуфинале од 15.15 часот ќе игра против Магдебург, додека во второто полуфинале од 18 часот ќе се сретнат ПСЖ и Киелце.
Според квотите, Барселона е главен фаворит за титулата.
Квотата за каталонскиот тим да ја одбрани титулата изнесува 1.50, а а втор фаворит е Киелце за кого квотата изнесува 5.00. Квотата за ПСЖ изнесува 6.00, додека аутсајдер е противникот на Барселона во полуфиналето, Магдебург.