Вкупно 20 екипи денес го започнуваат патот кон групите на Лигата на шампионите преку првото квалификациско коло. Една од нив е и шампионот на Македонија, екипата на Струга Трим Лум, која за противник ќе ја има најдобрата екипа од првенството на Литванија.
Првиот натпревар се игра во Вилнус, со почеток во 18 часот по македонско време, а домашниот Жалгирис е голем фаворит со квота од 1.38 во понудата на Sport Life. Победа на Струга носи квота од 8.50, додека за нерешено квотата е 4.40.
Ова за екипата на Струга Трим Лум ќе биде второ учество во европските купови, а своето деби го имаше пред две години, кога во првото коло од Конференциската лига беше елеминирана од летонскиот претставник Лиепаја. Струга тогаш на гости одигра 1-1, но на домашен терен во Скопје загуби со 1-4.
Екипата на Жалгирис во моментов е на втората позиција на табелата во првенството на Литванија со три поени помалку од лидерот Паневежис, но и натпревар повеќе. Воедно екипата на Жалгирис го има најдобриот напад во лигата, а минатата сезона учествуваше и во групите од Конференциската лига.
Денешната програма од квалификациите за Лигата на шампионите има 10 натпревари, а според квотите во Sport Life, најмногу возбудувања се очекуваат во Тирана, каде што ќе играат шампионите на Албанија и Белорусија, Партизани и БАТЕ Борисов.
Најголем фаворит во денешната понуда е шампионот на Полска, екипата на Раков, која за противник ќе го има претставникот на Естонија, Флора Талин.