Ракометната репрезентација на Македонија се наоѓа на подготовки во Пореч, Хрватска, а вечерва ќе го одигра првиот контролен натпревар пред почетокот на Европското првенство.
Противник на нашите ракометари ќе биде селекцијата на Хрватска, која според квотата во Sport Life е во мала фаворитска предност. Хрватите имаат квота за победа од 1.89, додека триумф на Македонија има квота од 2.23.
Македонија во вторник се враќа од Хрватска, а подготовките продолжуваат во вторник. Потоа ќе следува „Жолтиот куп“ во Швајцарија, каде освен против домаќинот, ќе играме и против Украина и Бахреин, а експедицијата се сели за Данска на една недела пред почетокот на континенталниот собир.
Нашите ракометари се во група со Данска, Португалија и Романија, а натпреварите ќе се играат во Хернинг.


