Зар има дилема за Спортска прогноза? Јувентус има седум победи по ред против Милан

Иако го има приматот на дерби на колото во Серија А, во последните неколку години дуелите на Јувентус и Милан се како игра на „мачка и глушец“. Актуелниот италијански првак е доминантен и победи на последните седум средби против „росонерите“. Интересно е што во овој период, Милан успеал да постигне само три гола против гигантот од Торино.

Овој меч од Серија А е дел од понудата во новото коло на Спортска прогноза. Ако се гледа традицијата, но и фактот дека Јувентус е домаќин, не треба да има дилеми за тоа кој фикс треба да се употреби на овој меч. Адут на Милан за изненадување во Торино може да биде фактот дека „старата дама“ многу повеќе е фокусирана за дуелот против Ајакс во Лигата на шампионите отколку на мечевите во домашното првенство, каде што сè е јасно. Јувентус ќе биде и без Роналдо, Хедира, Барѕалји, Коста, Спиноза, а може да одмора и Манџукиќ.

Покрај дербито во Торино, на Спортска прогноза има уште 12 средби на кои треба да погодите дали ќе биде 1,Х или 2 на крајот. Доколку погодите „Среќна 13-ка“, односно ги погодите сите мечеви, ќе бидете добитник на мобилен телефон iPhone XS. И само со едно промашување, се добива мобилен телефон, и тоа Samsung Galaxy A6 2018. Досега имаме двајца добитници на ваква награда, благодарение на погодените 12 средби од понудата на Спортска прогноза.

Добитни ќе бидете и со 11 и 10 погодоци. За таков успех следуваат вредносни ваучери од по 500 и 200 денари од Sport Life обложувалниците. Затоа вреди да се игра Спортска прогноза.

Сите редовни играчи не смее да го пропуштат колото за да останат со поголеми шанси во трката за Генерален пласман, каде што исто така има подароци за најдобрите.

- Оглас -

Најнови вести