Заработува 240.000 евра неделно, а игра со копачки од 65 евра купени од обична продавница

Еден од најдобрите напаѓачи во изминативе десетина години, Антоан Гризман привлече внимание поради копачките кои ги носи. Фудбалерот на Атлетико Мадрид кој во кариерата има заработено многу милиони евра, на последниот меч против Реал Мадрид со појави во копачки кои вредат само 65 евра, а може да се купат во „Декатлон“.

Во последните 15 години Гризман имаше договор со познатата фирма за спортска опрема Пума, но откако му заврши тој договор, не потпиша спонзорски договор со ниту една друга голема компанија. Веројатно токму затоа, Гризман да не носи копачки на некој голем спортски бренд без да има потпишано договор, се реши да носи копачки од само 65 евра, но со тоа, несвесно да стане и бренд за Декатлон.

Гризман во Атлетико Мадрид каде игра сезонава, заработува 240.000 евра неделна плата, односно 12,5 милиони евра по сезона. Во кариерата има заработено неверојани 210 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести