Француското фудбалско првенство е едно од ретките во Европа кое предвреме реши да стави крај на сезоната. Коронавирусот беше посилен од францускиот фудбал, а Пари Сен Жермен профитираше бидејќи ја освои титулата во незавршеното првенство.
По една таква одлука, фудбалерите во француските клубови добија непланирани плус слободни денови. Еден од најдобрите фудбалери во Франција, Единсон Кавани се врати во родниот Уругвај, каде покажува дека е и физички активен и тоа на необичен начин.
Кавани на социјалните мрежи се пофали како не му треба помош, ниту мторизирана косалка, туку тој на старомоден начин со коса во рацете ја коси тревата. Едноставно неверојатно за фудбалер кој заработува 31 милиони евра по сезона во ПСЖ, но Кавани и порано има докажано дека ужива во природата, па ова е уште еден начин да го покаже тоа.
https://twitter.com/i/status/1268605109627506695