Месут Озил не се најде на списокот од 25-мина регистрирани фудбалери на Арсенал за претстојната сезона во Премиер лигата. Поранешниот германски репрезентативец е еден од најплатените фудбалери во англискиот шампионат со неделна плата од 350.000 фунти, меѓутоа, според Артета, не заслужи да заземе место на списокот.
Дополнително, правилото во Премиер лигата секоја екипа да има максимум 17-мина играчи кои немаат потекло од Англија, го натера Артета да го изостави Озил, како и грчкиот дефанзивец Сократис Папастатопулос.
Двајцата исто така не се регистрирани за Лигата на Европа, а доколку сакаат да ја сменат својата судбина, Сократис и Озил ќе имаат шанса до февруари да докажат дека се подготвени да се жртвуваат за клубот, кога е рокот за следно регистрирање.