Џек Дрејпер го има приматот на најдобар британски тенисер кој во кариерата има заработено повеќе милиони евра. Драјпер моментално е фокусиран на мечевите кои ги игра пред домашната публика на Вимблдон.
Тој се пласираше во второто коло и за противник го има Марин Чилиќ од Хрватска. Британецот ја има фаворитската улога во оваа пресметка.
Интересен податок за Дрејпер, а не е поврзан со тенисот е дека тој е еден од најскромните спортисти во земјата. Неодамна, 23-годишниот тенисер беше фотографиран како полни гориво на бензиска пумпа и тоа на автомобил Поло кој е стар 12 години, кој е вреден само 1.000 фунти.
Дрејпер моментално е на четвртото место на АТП листата и сигурно е главен адут на домашната публика на Вимблдон. Во кариерата досега од играње тенис има заработено над шест милиони евра, но уште е скромен и вози автомобил од само 1.000 фунти.