Заработуваат милиони, но поради корона-вирусот сега спијат на бетон

Пандемијата со корона-вирусот ги блокираше меѓународните авионски летови, па тоа им создаде многу проблеми на оние луѓе кои едноставно сакаа, но не успеаја да се вратат во своите земји.

Леонардо Гил, Серхио Витор и Гристијан Гуанча се тројца аргентински фудбалери кои играа во првенството на Саудиска Арабија, кога поради пандемијата, решија да се вратат во родната земја. Уште пред една недела тие си заминале од Саудиска Арабија, но никако не може да стигнат до Аргентина. Веќе неколку дена фудбалерите се заглавени на аеродромот во Франкфурт бидејќи нема авионски лет за Аргентина.

„Ова е срамота. Се обративме на многу места. Во Буенос Аирес заминуваат празни авиони за да ги соберат странците, а не разбирам како нашата власт не ни дозволува да се вратиме дома“, револтирано коментираше Гил.

Сите тројца фудбалери имаат милионски договори, но и покрај тоа, тие мора да спијат на подот од аеродромот затоа што сите хотелски соби на аеродромот се зафатени. Заедно со Гуанча се и неговите две мали деца, сопругата и мајка му.

„Мајка ми е во ризичната група луѓе. Со децата се обидувам да поминам повеќе време и да ги забавувам играјќи игри. Во хотелот на аеродромот нема место, па мора да спиеме на бетон“, вели Гуанча.

Фудбалерите се надеваат дека нивното непријатно патешествие ќе заврши до крајот на оваа недела и дека конечно ќе се вратат во родната Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести