21.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Зарем Барселона не беше оштетена во Билбао: Судијата реши дека ова не е пенал (Видео)

За првпат по шест години Барселона нема да игра во финалето на Купот на Шпанија. Каталонците синоќа со гол во 93-тата минута беа елиминирани на гостувањето кај Атлетик Билбао. Барселона делуваше како подобар тим на теренот, имаше поголем посед на топката, создаде неколку шанси, но не успеа да даде гол, па затоа ги стигна и казна.

Сепак, тоа што е спорно на овој меч е ситуацијата во 64-тата минута. Френки де Јонг прими една топка во шеснаесетникот и имаше слободен простор пред голманот на домаќините. Во тој момент од позади на Де Јонг налета Андер Капа, кој буквално го сруши играчот на Барселона без да има никаков контакт со топката. Дефанзивецот на Атлетик воопшто не ни гледаше каде е топката, немаше шанса да реагира, но на крајот неговиот старт беше корисен за домаќините.

 

- Оглас -

Најнови вести