Зарем некој се сомневаше, Кралот Лео Меси и официјално е најдобар фудбалер на светот (Фото)

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси е прогласен за најдобар фудбалер на светот во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Меси во декември минатата година конечно го освои единствениот трофеј што му недостасуваше во богата колекција, Златната божица. Аргентина на СП што се одржа во Катар, во финалето ја совлада Франција по подоброто изведување на пеналите, а Меси беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот.

Наградата му ја врачи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, на церемонија во Париз.

Меси во изборот ги победи соиграчот од ПСЖ, Килијан Мбапе, и напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој пред неколку месеци ја освои Златната топка во изборот на „Франс фудбал“.

Доминацијата на Аргентина во изборот ја потврди Лионел Скалони, кој беше прогласен за најдобар тренер.

Шпанката Алексија Путелјас втора година по ред е прогласена за најдобра фудбалерка.

Таа во финалниот избор ги победи Бет Мид и Алекс Морган, а името на победничката го објави претседателот на ФИФА.

Претходно беше избран и најдобриот тим и него го сочинуваат: Тибо Куртоа, Ашраф Хакими, Жоао Кансело, Вирџил ван Дајк, Кевин де Бројне, Лука Модриќ, Каземиро, Лионел Меси, Килијан Мбапе, Карим Бензема, Ерлинг Халанд.

- Оглас -

Најнови вести