Саудискиот град Џеда ќе биде домаќин на претстојното Светско клупско првенство кое ќе се игра од 12 до 22 декември годинава, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Пласман на Светското клупско првенство обезбедија саудискиот Ал-Итихад, европскиот шампион Манчестер сити, шампионот на Латинска и Северна Америка, Клуб Леон, јапонскиот тим Урава, Ал-Ахли од Египет и шампионот на Океанија, Оукленд сити. Последното место е за шампионот на Јужна Америка, кој ќе биде познат во ноември.
Според пропозициите, европскиот и јужноамериканскиот шампион настапот ќе го започнат во полуфиналето. Првиот меч ќе го одиграат Ал-Итихад и Оукленд сити.
Минатата година триумфираше Реал Мадрид, а натпреварувањето се одржа во Мароко.