16.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Зарков си замина од Еурофарм Пелистер 2, клубот му порача дека вратите секогаш му се отворени

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 информираше дека си заминува тренерот Александар Зарков, кому му истече договорот.

„Заради интернационален предизвик, Зарков се одлучи за нов почеток и нашиот клуб му посакува успеси и многу среќа. Зарков е жива легенда на нашиот клуб, човек кој како играч освои шест титули шампион на Македонија, а беше дел од стручниот штаб и во седмата титула, освоена во сезоната 2022/23. Во последните неколку години беше дел од стручниот штаб Е. Пелистер 2, а од февруари годинава ја презеде екипата како прв тренер по именувањето на Александар Јовиќ во Е. Пелистер. Вратите на нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за личност и спортист како Александар Зарков. Новиот тренер на Еурофарм Пелистер 2 наскоро ќе биде официјализиран и претставен пред јавноста“, објавија битолчани.

Инаку Зарков е наименуван за нов тренер на женскиот грчки тим Неа Јонија.

- Оглас -

Најнови вести