Засега домаќините на Ел Класико, Дерби Италија и Дерби дела Капитале влеваат поголема сигурност кај прогнозерите

Новото 23-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи три големи дерби-пресметки од петте најсилни европски лиги, а едно од нив е и најголемото на светот, популарното Ел Класико.

В недела на „Камп ноу“ се игра најголемото дерби во светот на фудбалот, Ел Класико, во кое Барселона го пречекува Реал Мадрид.

Каталонскиот тим е лидер на табелата во Ла Лига со 65 бода, дури девет повеќе од Реал Мадрид и евентуална победа ќе ги приближи чекор поблиску до титулата. Триумф на Кралевите ќе значи враќање на неизвесноста во трката за шампионскиот пехар во Ла Лига.

Засега прогнозерите имаат поголема доверба во Барселона и 41,27 отсто сметаат дека тие ќе слават, додека 32,98 отсто типуваат на Реал Мадрид.

Во Серија А пак се игра најголемото дерби во италијанскиот фудбал, популарното Дерби Италија меѓу Интер и Јувентус. И тука прогнозерите засега поголеми шанси му даваат на Интер (45,50 отсто), додека во победа на Јувентус веруваат 22,93 отсто.

Третото големо дерби на 23-тото коло од Спортска прогноза е Дерби дека Капитале меѓу Лацио и Рома. И тука поголеми шанси за победа има Лацио (37 – 21), но прогнозерите најмногу типувале дека дербито ќе заврши без победник (40,92 отсто).

Засега прогнозерите имаат најголема доверба во Вулверхемптон (77,95) дека ќе го совлада Лидс, во Милан (73,55) кој му гостува на Удинезе, на Сампдорија (69,84) која игра против Верона како и на Унион Берлин (67,37) во дуелот со Ајнтрахт Франкфурт.

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 15.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

X Box Series X

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести