Помина еден ден од отворањето на периодот за типување на новото, 27-мо коло од бесплатната Спортска прогноза, а според процентите на прогнозерите кои веќе се изјасниле, станува јасно дека прогнозерите се разочарани од Наполи.
Наполи е доминантен во Серија А, но испадна од Милан во Лигата на шампионите и психички нема да им биде лесно да го прежалат испаѓањето од Европа. Тоа е шанса за Јувентус да победи, а во таква варијанта веруваат половина од прогнозерите. Засега двојка на Наполи типувале само 16,3 отсто од играчите на Спортска прогноза.
Има уште три дена за типување, процентите може многу да се сменат, но засега сериозна предност му се дава на Јуве.
Типувањето трае до сабота во 13.30 часот.
Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери. За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
X Box Series X
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците, се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.