Засега најголеми фаворити се германски екипи, прогнозерите повеќе му веруваат на Ливерпул во дуелот со Тотенхем

Новото петто коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку интересни мечеви од петте најсилни европски лиги, каде што „ѕвезда“ е англиското дерби меѓу Тотенхем и Ливерпул.

Само по два дена од можноста да се прогнозира исходот, Ливерпул засега има поголема доверба кај прогнозерите, 43,63 отсто сметаат дека Црвените ќе слават во Лондон. Засега во победа на Тотенхем, кој иако остана без Хари Кејн, игра одлично на стартот од новата сезона, веруваат 22,16 отсто, додека 34,22 отсто сметаат дека натпреварот ќе заврши без победник.

Фаворитите се наѕираат и на останатите натпревари, како и на двата резервни дуела.
Засега најголема доверба кај прогнозерите имаат два тима од Бундеслигата, Волфсбург и Вердер. Волфсбург го пречекува Ајнтрахт Франкфурт и дури 76,28 отсто сметаат дека домаќинот ќе слави. Во победа на Вердер на гостување кај новиот бундеслигаш Дармштад веруваат 66,47 отсто.

Голем е процентот и за победа на Реал Сосиедад во баскиското дерби против Атлетик Билбао (63,14 отсто), на Монако над Олимпик Марсеј (62,06 отсто), на Астон вила над одличниот Брајтон (57,35 отсто), на Лориен над Монпелје (58,43 отсто) како и на Нотингам форест над Брентфорд (57,16 отсто).

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 13.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

Сони плејстејшн 5

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести