Засега прогнозерите им даваат подеднакви шанси на Ливерпул и Манчестер јунајтед за победа во најголемото англиско дерби

Новото 21-во коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку дерби-натпревари од петте најсилни европски лиги, а прогнозерите веќе го предвидуваат исходот на 13-те понудени натпревари, како и двете резерви.

„Ѕвезда“ на 21-вото коло на Спортска прогноза е најголемото англиско дерби Ливерпул – Манчестер јунајтед, кое ќе се игра в недела, на „Енфилд“ и засега прогнозерите се поделени. По 38 отсто од прогнозерите сметаат дека Ливерпул и Јунајтед ќе победат, додека 23,57 отсто сметаат дека нема да има победник на дербито.

Во ова коло се игра уше едно големо дерби, и тоа во Серија А, Рома го пречекува Јувентус. И двете екипи се борат за едно од првите четири места на табелата кои носат пласман во Лигата на шампионите и тука засега поголеми шанси му се даваат на Јувентус. Дури 39,12 отсто од прогнозерите сметаат дека Јувентус ќе слави на „Олимпико“, 37,71 отсто веруваат во реми, додека 23,17 отсто се убедени дека Римската волчица ќе победи.

Според досегашните прогнози, победа се очекува на Хетафе (79,24) над Жирона, на Борусија Менхенгладбах (70,71) над Фрајбург, на Милан (64,69) над Фиорентина и на Марсеј (66,50) над Рен.

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 14 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

X Box Series X

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести