12.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Заштитена птица положи јајце на сред игралиште, комплексот ќе биде затворен еден месец (Фото)

Несекојдневен настан се случил на фудбалски терен во главниот град на Австралија, Канбера. Ретката и заштитена птица Маскиран блатар (Masked Lapwing) положила јајце на центарот од фудбалско игралиште каде требал да се игра натпревар од локалното регионално првенство.

Фудбалерите на двете екипи кога пристигнале на теренот забележале дека птицата го заштитува своето јајце, па во консултација со центарот за заштита на птиците, било одлучено мечот да се одигра на друг терен, а игралиштето да биде затворено се додека птицата и нејзиното бебе не го напуштат теренот.

Овие птици во Австралија се заштитени со закон, но и се опасни, бидејќи ги напаѓаат луѓето, а тоа посебно се случува кога очекуваат рожба. 

- Оглас -

Најнови вести