Екипите на Пелистер и МЗТ Скопје Аеродром вечерва (почеток 18.30 часот, пренос на МРТ) ќе го имаат своето второ соочување само за пет дена, откако на 13 октомври во Суботица играа меѓу себе во АБА 2 лигата.
Но, за разлика од тој меч на северот на Србија, кој МЗТ го доби 91-78, денеска во тимот на Пелистер ќе има двајца нови играчи, македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски и Босанецот Стефан Мијовиќ. Плус тоа, се игра во Битола, па пелистерци веруваат во успех, иако тоа нема да биде лесно.
МЗТ има серија од осум победи по ред во меѓусебните дуели, а Металците и вечерва се фаворити според квотите во Sport Life, каде што има богат избор на игри за овој меч. Инаку, по две одиграни кола во домашното првенство, МЗТ има скор 2-0, а Пелистер 0-2.