Засилувањето од Арсенал промаши два пенали и ја остави својата екипа без бодови против Ница (Видео)

Полскиот голман, Марчин Булка, е херојот на екипата на Ница кој на синоќешниот натпревар против Монако успеа да одбрани два пенали, и тоа двапати на истиот фудбалер. Засилувањето на Монако од Арсенал, Флориан Балогун, во 11-тата и 55-тата минута ја доби довербата да изведе пенал, но во двата наврати не успеа да погоди и неговите удари беа одбранети од страна на Булка.

На крајот, во 91-вата минута следуваше казна преку Џереми Бога, кој го постигна единствениот погодок на мечот за голема победа на Ница од 0-1 која ги води на лидерската позиција во Лига 1.

https://twitter.com/ActuFootAfrique/status/1705324375480607054?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1705324375480607054%7Ctwgr%5Ec159d88ca4cca6779818e591dd8c1352ed733b62%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fmonaco-nica%2F459135

- Оглас -

Најнови вести