Тотенхем со реми од 2-2 се враќа од гостувањето во Пиреја против грчкиот состав на Олимпијакос. Избраниците на Маурисио Покетино може да бидат среќни што останаа непоразени, иако имаа двојна предност во првото полувреме. Олимпијакос играше без страв и на моменти ја контролираше играта, пропуштајќи бројни шанси во првите 45 минути од мечот.
Гостите од Лондон постигнаа два гола при исто толку удари кон голот на Хосе Са. Кејн стрелаше од белата точка во 26-тата минута, а потоа Лукас зголеми на 2-0 само четири минути подоцна. Поденсе пред паузата ги врати надежите на Олимпијакос на 2-1, а италијанскиот арбитер Џанлука Роки во вториот дел им подари пенал и на домаќините, кој го реализира искусниот Валбуена за конечни 2-2.
Средбата меѓу Клуб Бриж и Галатасарај заврши без голови.
https://www.dailymotion.com/video/x7lczmw