14.8 C
Skopje
вторник, 14 октомври 2025

Заслужен отказ, Јон Дал Томасон веќе не е селектор на Шведска

Шведската фудбалска федерација му врачи отказ на селекторот Јон Дал Томасон поради лоши резултати во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Швеѓаните синоќа дома загубија од Косово и моментно се на последното место во групата Б, само со еден бод во четири натпревари. Она што посебно зачудува е неефикасноста, Шведска даде само два гола, двата против Словенија, а имаат скапи напаѓачи од типот на Ѓокереш, Исак, Еланга и младиот Бардџи од Барселона.    

Данецот Томасон беше на чело на шведската репрезентација од март 2024 година.

Шведска уште може да игра на СП, но преку баражите во март, каде што би влегле преку Лигата на нациите и би имале тешка задача да победат на гости против некој од првите носители. 

- Оглас -

Најнови вести