Ракометната федерација на Македонија ќе ги награди кадетските репрезентативци со 700 илјади денари за триумфот на ЕХФ шампионатот во Летонија.
Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, објави дека ќе предложи до Управниот одбор да одобри парична награда за златните кадети.
Македонија одигра одличен турнир и без пораз ја освои титулата во Летонија.
Во финалето беа победени Швајцарците со 24:22. Со триумфот на ЕХФ шампионатот Македонија обезбеди настап на Светското кадетско првенство, кое ќе се одржи идната година, и на Европското првенство за младинци во 2024 година.