Заслужува ли Меси да стане вториот играч во историјата со Супер Златна топка? (Фото)

Ако има некој трофеј што Лионел Меси не го освоил во неговата пребогата кариера, тоа е „Супер Златна топка“, признание кое во историјата на фудбалот го има освоено само еден играч, Алфредо Ди Стефано.

Ова ретко признание му беше доделено на легендата на Реал Мадрид во 1989 година, за најдобар играч во последните 30 години. Од тогаш досега, поминаа повеќе од 30 години, а никој не ја добил наградата.

Ди Стефано на 396 меча за Реал даде 308 гола, пет пати го освои Купот на европските шампиони, а меѓу другото, има освоено и две Златни топки.

„Супер златна топка“ се доделува за најдобар европски играч, а Ди Стефано е роден во Аргентина, но имаше шпански пасош. И Меси е ист таков случај, со тоа што Меси не може да игра за Шпанија.

Во модерната доба на фудбалот, Супер златна топка може да освојат само Меси или Кристијано Роналдо. За разлика од Роналдо, Меси сега има светска титула, има и повеќе Златни топки од него и затоа го сметаат за фаворит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести