Започна првиот Гренд слем во новата тениска сезона, Отворенотo првенство на Австралија. Половина од средбите во првото коло се одиграа, меѓу кои настапи и Рафаел Надал. Шпанецот лесно излезе на крај со Џејмс Дакворт, го победи со 3-0 во сетови, па по самиот меч најде и време да се пошегува на прес-конференцијата.
Во текот на пресот, Рафа забележа дека еден од присутните новинари одлучил за момент да ги затвори очите и да одмори. Шпанскиот тенисер позитивно реагираше, па истакна: „Изгледа денес не сум му интересен“, а откако новинарот се разбуди му додаде: „Знам што правиш, повеќе се фокусираш на мене и на моите одговори кога ти се очите затворени“, во шега му кажа Надал.
Моментот можете да го видите од 9:50 минута од видеото подолу: