„Заспаниот“ ПСЖ шокиран дома со гол во 96 минута (Видео)

Францускиот првак Пари Сен Жермен ги разочара своите навивачи откако одигра само 1:1 против Ремс, во меч од 20 коло во домашното првенство. Нејмар е стрелец на голот за водство на фаворитот на почетокот на второто полувреме, но тоа не беше доволно за победа.

Ремс не се предаде и буквално во последните секунди од мечот постигнаа гол за шок на Паркот на принцовите и конечни 1:1.

Интересно е дека во првите 45 минути ПСЖ упати само еден удар кон голот на гостите, што е најслаб офанзивен ефект за Светците во домашното првенство во последните пет години.

Освен двата гола, мечот го одбележа и црвениот картон на Марко Верати, кој во игра влезе во 46 минута, а беше исклучен по само 13 минути поминати на терен. Тоа е трето најбрзо исклучување на еден играч на ПСЖ, по тоа на Дејвид Бекам и Лавин Курзава.

 

- Оглас -

Најнови вести