Заспаниот великан конечно ќе се разбуди, а прва цел им е носење на лудиот напаѓач

Бирмингам е еден од најстарите англиски клубови, а низ својата историја неколку пати беше при самиот врв на англискиот фудбал, но никогаш не успеа да ја освои титулата во Премиер лигата.

Сепак, овој колектив навистина има пребогата историја за да игра во Чемпионшип лигата на Англија, а во моментов кинеските сопственици немаат интерес за инвестиции. Но, тоа наскоро може да се промени откако се појави заинтересеиран купец за тимот, а меѓу нив се наоѓа и Макси Лопез, некогашниот играч на Барселона.

Тој, заедно со уште неколку бизнисмени се подготвени да го купат клубот и да инвестираат во него, а како прва цел се споменува Диего Коста, којшто своевремено играше во Челзи и Атлетико Мадрид.

Натурализираниот Шпанец во моментов е слободен агент откако му истече договорот со Атлетико Минеиро, а тој е примарната цел на евентуанлните нови сопственици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести