Барселона влезе во мини криза, откако трет меч по ред игра нерешено. По ремито 2:2 со Валенсија, а потоа и нерешениот дуел од Купот против Реал (1:1), синоќа каталонскиот гигант ремизираше без погодоци против Атлетик во Билбао. Шпанскиот првак дури може да биде и среќен што не загуби на „Сан Мамеш“, бидејќи домаќините беа подобар тим.
Голманот на Барселона Тер Штеген е најзаслужен што гостите не примија гол. Покрај неколкуте добри одбрани, германскиот чувар на мрежата покажа неверојатен рефлекс во 85 минута од мечот. Вилијамс имаше голема шанса да донесе радост за Атлетик, но неговиот шут од шест метри, на неверојатен начин го одбрани Марк Андре Тер Штеген.
What a save from ter Stegen. #AthleticBarça pic.twitter.com/Eggj5UqDhm
— Transfer City (@TransferCity_) February 11, 2019