Затоа е број 1, Синер го одбрани тронот на Австралија опен (Видео)

Јаник Синер потврди зошто е најдобар тенисер во светот во моментов, откако триумфираше на првиот гренд слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на Австралија. Во големото финале, италијанскиот тенисер со 3:0 во сетови го победи Александер Зверев од Германија. Со оваа победа, Синер го одбрани тронот од минатата сезона.

Во првиот сет доволно беше Синер да направи еден брејк за да го освои сетот. При резултат 4:3, Зверев сервираше, а по голема борба, Синер ја искористи четвртата брејт-топка и поведе со 5:3, а потоа на свој сервис стигна до 6:3.

Во вториот сет се водеше уште поголема битка. Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, а посебно интересно беше кога при водство на Зверев од 6:5 и 30:30 во поени, беше одигран можеби најважниот поен на мечот. Синер го доби тој поен и не дозволи Зверев да има сет топка и стигна до тај-брејк, а таму Италијанецот беше подобар со 7:4 за водство од 2:0 во сетови.

Во третиот сет тенисерите започаа сигурни на своите први два сервиси. Синер потоа поведе со 3:2, а потоа на севис на Зверев успее да ја искористи втората брејк топка за 4:2. Тој момент беше клучен за третиот сет, затоа што АТП број 1 во светот знаеше како да недозволи кикс на свој сервис и го доби третиот сет со 6:3, за победа и нова, втора титула на турнирот во Мелбурн, а трета гренд-слем титула во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести